Првиот голман на Данците успешно опериран!

53
ФОТО:facebook.com/kasperschmeichelofficial/

Одамна се знаеше дека на бараж мечот за пласман на СП 2026, Данска не ќе може да смета на својот прв голман Каспер Шмајхел, чуварот на мрежата на Селтик.

Тој заработи потешка повреда на рамото па мораше да се оперира. Денеска успешно е извршена првата од двете предвидени.

На својот Инстаграм профил, Шмајхел напиша:
„Првата операција на рамото е завршена и сè помина добро. Сега има целосен фокус на рехабилитација и подготовка за следната. Ви благодарам за сите пораки во последните недели – тоа навистина значи многу“.

Каспер Шмајхел се надева дека ќе може да се врати и за клубот и за репрезентацијата, за која има настапувано 120 пати.
Самиот изјави дека очекува повредата да го држи надвор од терените 12 месеци.

ПретходноПЕТОРКА НА КОЛОТО – 3 – „ОРОЛОЏО“: Ниехуес и Грин за прво место на Крива Паланка
СледноНишто ново: Нејмар пропуштил меч на Сантос поради маратонско играње покер?!