За новата историја и награди со историска цифра. Пласманот на Македонија на Мундијалот следново лето ќе и донесе на Федерацијата вкупна загарантирана заработувачка од 10,5 милиони евра. Тоа е сумата која ќе ја добијат сите учесници со тоа што потоа следуваат бонуси и награди за секој понатамошен успех на самиот мундијал.
Нашиот национален тим има уште само два чекори до историскиот подвиг. Првиот е задутре во Данска а потоа ако минеме одиме на финална пресметка до подоброт од дуелот Чешка – Република Ирска. И ако се практикува правилото од минатото тоа би значело дека нашите фудбалери ќе поделат најмалку 3,5 милиони евра како премија. Тоа се 30% од заработувачката, а слична цифра 3,1 милиони на евра поделија нашите фудбалери за пласманот на ЕП 2020.
Тука ќе следат и награди од држава, министерства… така што, покрај моментот за историја фудбалерите ќе имаат и добра финансиска мотивација.










