Можеби љубителите на фудбалот и не се сеќаваат, но и во официјалните брошури на ФФМ не е никаде споменато дека Гоце Седлоски веќе бил предводник на репрезентацијата на Македонија. Тоа се случи на 15 август 2012 година на дуелот со Литванија. Тоа беше пријателски меч со Литванија и победа од 1:0 со гол на кој друг ако не Горан Пандев.
Седлоски седна на жешката клупа на тој пеколен августовски ден по една „бура“ во нашиот националчен тим која на само неколку часа пред натпреварот ФФМ му врачи отказ на Џон Тошак. Гоце Седлоски беше десната рака на славниот тренер од Велс и очекувано тој требаше да го води националниот тим од клупата. И како почетник тренер но и како единствен во тоа време фудбалер со 100 настапи за државниот тим.
Иако славеше со 1:0 сепак ФФМ и тогашното раководство (многумина и сега се во ФФМ), одлучија довербата да му ја дадат на Чеде Јаневски. Во тој состав на Македонија, а се во улога на функционери во ФФМ беа Горан Пандев, Агим Ибраими и Николче Новески додека Ванче Шиков е во стручниот штаб на сегашниот селектор.
Тоа значи дека во четврток Гоце Седлоски нема да дебитира на селекторскта позиција. Тој веќе има една победа од еден натпревар.










