Синер обезбеди осминафинале и го урна рекордот на Ѓоковиќ

234
фото: The Tennis Letter @TheTennisLetter (X)

Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на Мајами со победа од 2-0 над Французинот Корентин Мутен, со 6-1, 6-4. Италијанецот ги освои последните два Мастерс турнири, Индијан Велс минатата недела и Париз минатата есен, без да изгуби сет.

Со своите 25-ти и 26-ти последователни победи во сетови на турнирите во серијата 1000, Синер го надмина претходниот рекорд на Новак Ѓоковиќ од 24 последователни освоени сета во 2016 година.

„Многу сум среќен. Овој спорт е непредвидлив, се обидуваме да останеме фокусирани колку што можеме и ќе видиме што нè очекува во следната рунда“, рече Синер по натпреварот.

Италијанецот погоди вкупно седум аса, реализираше три од шест брејк-топки и ја одбрани единствената со која се соочи. Во следната рунда, Синер ќе игра против Американецот Алекс Микелсен, кој по враќањето го победи Алехандро Табиљо со резултат од 3:6, 6:3 и 6:4.

ПретходноЛеброн, сепак, ќе прифати нов договор со Лејкерс?
СледноДетроит ја запре победничката серија на Лејкерс (ВИДЕО)