Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки повикани за престојната ЕХФ недела, за подготовка и настап за претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Германија и Словенија во рамки навалификациите за ЕП 2026.
Македонија е на третото место на табелата во својата група, но за да се најде во друштвото на селекции кои од оваа позиција ќе заверат пласман на ЕП 2026 ќе мора да одиграат квалитетни мечеви против Германија на домашен терен, и Словенија на гости.











