Јасно им е на сите дека утре во Копенхаген, на мечот Данска – Македонија, мора да има победник. Дали патникот во финалето од плеј – офот за пласман на СП ќе се решава во регуларниот дел, или во продолженијата или по пенал – серијата, победник мора да има.
Инаку вчера и денеска изјавите од таборот на Данска како да беа во најмала рака невкусни. Беа уверени дека ќе победат, како тие да се Аргентина или Франција а Македонија како да е репрезентација на Каледонија.
Но, дали талквите изјави кажуваат нешто друго, а тоа е дека имаат страв од евентуален неуспех против Македонија.
Инаку тие самите си признаа дека деновиве тренирале изведување на пенали:“
“Да, тренинаравме изведување на пенали. Тоа не е тајна“ истакна селекторот Брајан Ример.










