Нашите најдобри фудбалери вечерва на “Паркен стадионот“ во Копенхаген го одработија оној вообичаен тренинг во пресрет на утрешниот меч од 1/2 финалето од плеј – офот за пласман на СП 2026 кое ќе се одржи ова лето во САД, Канада и Мексико.
Националите предводени од селекторот Гоце Седлоски и капитенот Енис Барди, одработија тренинг со цел да се запознаат со теренот на овој славен стадион на кој утре нашите момци ги чека пекол. Сепак тие се навикнати на вакви мечеви, и затоа веруваат во себе.
Секако дека и ветуваат битка до последен здив.
НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!



















