Македонија У19 на стартот против Фарски Острови

84

На квалификацискиот турнир во Холандија, македонската репрезентација до 19. години на чело со селекторот Димитар Капинковски, денеска од 17:00 часот ќе го одигра премиерниот дуел од првото коло против репрезентацијата на Фарски Острови.

Нашиот тим секако дека е мотивиран за да добро да го отвори турнирот на кој што покрај Македонија и Фарски О. во групата се и домаќинот Холандија и Молдавија.

„Преку турнирите и тренинг камповите што ги организиравме во текот на изминатиов период имавме доволно време да се подготвиме за она што не очекува. За жал на овој турнир ќе настапиме без Ненад Дамјановски кој паузира поради потешка повреда, а во идентична ситуација се Александар Грашески и Стоилов кои се уште се рехабилитираат. Во моментов на располагање ги имаме најдобрите од оваа генерација и ќе направиме се за да се покажеме најдобро издание. Настапот во овие квалификации е одлична можност преку играње на натпревари со квалитетни противници да го стекнат потребното искуство кои многу ќе им помогне во текот на кариерата“, изјави Капинковски.

ПретходноЕлитни У17 квалификации: Македонија по подвиг против големата Германија
СледноУжас на пробните летови: Тежок пад на Планица!(ВИДЕО)