Салах би можел да потпише за Барселона?!

366
фото: Liverpool FC (X)

Заврши ерата на “Фараонот“ на „Енфилд“. Ливерпул вчера објави дека Мохамед Салах по девет години ќе го напушти клубот. Дојде време за збиогување, но Египќанецот ќе биде запаметен засекогаш на иконскиот стадион.
Во 2017 година, Салах влезе на мала врата. Речиси една деценија подоцна, тој заминува како еден од најголемите играчи на клубот на сите времиња со бројни освоени трофеи.

Сè уште не е познато каде 33-годишникот ќе ја продолжи кариерата. Постојат огромни шанси неговата нова дестинација да биде Саудиска Арабија, но се појави уште една, би рекле изненадувачка, опција.

Тоа е Барселона. Извори блиски до каталонскиот клуб наведуваат дека Барса е подготвена да реагира и да го доведе Салах во текот на летото. Во нивна корист е фактот дека тоа доаѓа без обештетување.
„Барселона има шанса да го потпише Мохамед Салах. Тој е поврзуван со клубот со години, последниот пат минатата година“, се вели во него. Сепак, многу поизвесно е дека Египќанецот ќе оди во Саудиска Арабија. Ал-Наср е тимот кој подготви понуда од над три милиони евра месечно за него, а тоа е бројка што е тешко да се одбие во овој момент. Исто така, постои интерес и од Ал-Итихад.
Барселона не може да продолжи со таква понуда, а се чини дека ниту Салах не знае каков ќе биде неговиот избор. Агентот Рами Абас се огласи.
„Не знаеме каде ќе игра Мохамед следната сезона. Тој не донел никаква одлука. Има доволно време за тоа“, рече Абас.
Нема сомнение дека Салах ќе добие бројни понуди за продолжување на кариерата. На крајот на краиштата, тој е еден од најдобрите фудбалери во светот во последните 10 години.

ПретходноПелистер го доби ГРК Охрид, Вардар против Алкалоид ја почнува одбраната на Купот
СледноКако до победа на “Паркен“: Македонија не смее само да се брани, мора и да нападне!