Нов Зеланд се согласи да го игра натпреварот од Групата Г на Светското првенство против Иран, надвор од САД, објави Ројтерс.
Учеството на Иран на Светското првенство е сериозно доведено во прашање поради војната што избувна на Блискиот Исток, помеѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга страна. Трите натпревари на тимот на Светското првенство во 2026 година се распоредени на стадиони во САД, а оној против Нов Зеланд кој е особено важен, во Лос Анџелес. Иранската федерација се закани со бојкот и не сака да игра фудбал на американска почва од безбедносни причини.
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Рајан Томас, е убеден дека Иран го заработил правото да игра на Светското првенство и неговите соиграчи не се загрижени за вревата околу учеството на тимот од Блискиот Исток на турнирот.
„Тие заслужуваа да играат. Немаме проблем да се сретнеме со нив во Канада или Мексико. За мене лично не е важно“, рече Томас.
Друг Новозеланѓанец, Коста Барбарусес, додаде:
„Нека одлучат луѓето што се задолжени за овие работи. Ова воопшто не се меша во нашите подготовки и не гледам причина зошто не би требало да го играме натпреварот во Мексико.“










