У-17: Македонија со минимален пораз од Германија!

247

Македонија У-17 тргна со пораз, и тоа минимален, со 1:2 од Германија во првиот меч од главната рунда елитните квалификации за пласман на ЕП. Познато е дека овј турнир се одржува во Словенија.

Многу рано, уште во 3.минута младите Германци со голот на Мирза поведоа со 0:1 и се чини дека токму тој гол го обликуваше овој натпревар. Во 25.минута Веит постигна гол за 0:2.

Нашите млади репрезентативци во продолжение од средбата се вратија во игра со голот на Џангаровски во 63.минута, но сепак недостигаше уште еден гол барем за реми.

За Македонија на овој меч настапија:

Суловиќ, Јазаџикиќ, Михајловски, Иванов, Ф. Цветковски, Трпевски, Илјазовски, А.Цветковски, Џангаровски, Стојковски и Папалиски.

Играа и Љачка, Мирчевски, Чедомирски, Аломеровиќ.

Во групата 1 се и селекциите на Франција, со која играме на 28 март и домашната селекција на Словенија со која се среќаваме на 31 март.

Познато е дека само првопласираната селекција се пласира на ЕП за играчи до 17 години.

ПретходноПоранешен селектор на Македонија е сериозно болен!
СледноСАД бараат гаранција за виза од 15.000 долари за навивачите за Светското првенство