СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски
Во таборот на селекцијата на Данска, барем според изјавите, владее голем оптимизам. Сите се уверени дека ќе успеат да ја победат Македонија и ќе се најдат во финалето од плеј-офот за пласман на СП 2026.
Мечот се игра утре од 20:45 часот на “Паркен стадионот“ во Копенхаген.
Јасно е дека се фаворити, но тој преголем оптимизам може да им се удри од глава, но тоа е нивна работа.
Во пресрет на утрешниот меч со Македонија, денеска на прес – конференцијата свој коментар имаше репрезентативецот на Данска, Мортен Хјулманд:
“Нема да биде лесно, но ние имаме само две опции – победа и победа. Реков, знаеме дека нема да биде лесно зошто вакви мечеви си носи и свој ризик, секоја грешка скапо се плаќа. Јас сметам и веруваме дека ние сме подобра репрезентација.За секој играч пласман на еден Мундијал е од огромно значење. Уште еден настап на светско за мене со данската репрезентација ќе биде од големо значење. Тоа ќе биде нешто на кое ќе се навраќам кога ќе ја завршам кариерата“ истакна Хјулманд.










