Гаштаров: Респект за Италија, но ние имаме свои мотиви

122

Македонската репрезенатција до 21. година утре со почеток од 18:15 часот на стадионот во Емполи ќе го одигра новиот квалификациски дуел од актуелната квалификациска кампања, против домаќинот Италија.

Нашиот состав веќе втор ден е на лице место, а вечерва ќе го одработи и официјалниот тренинг.

Во моментов по шест одиграни кола Македонија има само три освоени бодови, и позитивен скор од овој дуел ни е и тоа како потребен.

„Очекувањата се исти како и секогаш. Одиме на позитивен резултат во двата натпревари, Италија е една голема репрезентација но ние далеку од тоа дека ќе го прецениме противникот и ќе го гледаме некако поинаку од обичен ривал. Ќе излеземе на терен храбро, мотивирано, ќе направиме се за да не ги повториме грешките кои што ги правевме на минатите мечеви кои патем не чинеа многу и ќе се обидеме да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави Матеј Гаштаров.

ПретходноУжас на пробните летови: Тежок пад на Планица!(ВИДЕО)
СледноПелистер го доби ГРК Охрид, Вардар против Алкалоид ја почнува одбраната на Купот