Данска за прв пат против Македонија без семејството Шмајхел

172

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 20:45 часот на стадионот Паркен во Копенхаген го игра еден од своите историски дуели несомнено. Бараж мечот за пласман на следниот Мундијал во САД, Канада и Мексико следното лето. По она историско полуфинале во Палермо, победата над Италија, а потоа и финалето во Лисабон против Португалија, Македонија сега има повторно шасна да приреди сензација пред најголемата светска фудбалска смотра.

Данска секако дека е сериозен противник. Фаворит кој што пред себе како домаќин пред се, но и далеку подобро рангирана репрезентација има императив на победа. Притисокот е кај противникот, тоа за нас секако дека е предност, но никако и мотив за некакво алиби, или евентуално опуштање.

Данска има своја фудбалска историја. Во која ја има сензационално освоената европска титула во 1992 година. Од друга страна пак, што се однесува со дуелите со Македонија, данците за прв пат во својот состав нема да бидат со Шмајхел на голот.

Легендарното голманско презиме на оваа земја.

Постариот, Питер Шмајхел беше на голот на Данска во тие први за нас историски квалификации во 1994 година за ЕВРО 1996 година. Во Скопје на преполниот Градски поведовме со 1:0 со голот на Митко Стојковски, а мечот заврши 1:1. Во Данска пак, загубивме со 1:0.

Во 2013 пак, тогаш ултра квалитетниот негов син, Каспер Шмахјел прими три гола од Горан Пандев, Николче Новески и Агим Ибраими во големиот триумф на Македонија од 3:0.

Претходно„Магијата“ на Ибраими, головите на Пандев и Новески ја „уништија“ Данска во 2013 (ВИДЕО)
СледноДанците признаваат: Се уште не сме опоравени од она што ни се случи во ноември