Елитни У17 квалификации: Македонија по подвиг против големата Германија

86

Македонската репрезенетнација до 17 години денеска го стартува елитниот квалификациски турнир во Словенија. Откако се квалификувавме за пласман понатаму на турнирот кој што го одигравме дома, во Струмица, сега, избраниците на селекторот Влатко Колев одат да направат подвиг во далеку посилна конкуренција.

Денеска на програмата е првото коло во кое Македонија У17 од 16:00 часот ќе се сретне со репрезентацијата на Германија. Еден од фаворитите на овој турнир.

Секако, се освен пораз за нас во овој меч ќе биде одличен старт на оваа кампања.

Покрај ние и Германија, во групата се уште и домаќинот Словенија, и уште еден голем фаворит, репрезентацијата на Франција.

 

ПретходноСедлоски ја има победата над Данска во 1994 (ВИДЕО)
СледноМакедонија У19 на стартот против Фарски Острови