„Магијата“ на Ибраими, головите на Пандев и Новески ја „уништија“ Данска во 2013 (ВИДЕО)

313

Македонската фудбалска репрезентација утре со почеток во 20:45 го игра полуфиналиот дуел од бараж мечевите за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето.

Противникот ни е Данска, а нашата експедиција од синоќа веќе е во Копенхаген каде што вечерва ќе го има и официјалниот тренинг.

Се е подготвено за нов македонски ваков подвиг по оној во Палермо и триумфод над Италија.

Што се однесува пак до противникот, Македонија само три пати во својата историја одигра меч против Данска. Во стартните квалификации, оние премиерните во 1994 година за пласман на Европскиот шампионат во Англија 1996 година. Тој историски дуел во Скопје, а потоа и реваншот тука во Копенхаген.

Од друга страна пак, далеку поблиску е оној пријателски дуел во Скопје, на 06.02.2013 година кога Македонија во таа студена ноќ на Арената го одигра еден од најдобрите пријателски мечеви во историјата.

Обезбеди одличен триумф од 3:0 против тогаш силната данска генерација предводена тогаш младиот Кристијан Ериксен.

Македонија со одлична генерација предводена тогаш од Горан Пандев со своја животна форма, Агим Ибраими, и Николче Новески. Стрелци на головите, а сега предводници на нашата делегација тука во Копенхаген. Сите тројца во раководните структури на Фудбалската Федерација на Македонија чиј што претседател Масар Омерагиќ брзопотезно при неговото пристигнување на оваа функција го состави својот тим од македонски фудбалски легенди.
Нека тој меч во Скопје и таа прекрасна изведба на нашиот национален тим биде мотив и за утрешен успешен настап на Македонија.

ПретходноДали Меси се прашуваше за трансферите во Барса? Еве го одговорот!
СледноДанска за прв пат против Македонија без семејството Шмајхел