Пелистер го доби ГРК Охрид, Вардар против Алкалоид ја почнува одбраната на Купот

105

Денска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.

Пелистер во полуфиналето ќе игра против тимот на РК Охрид, додека бранителот Вардар против Алкалоид.

Познат е распоредот, првото полуфинале е закажано во 17 часот, додека пак второто полуфинале во 20 часот. Финалистите ќе имаат ден одмор.

Полуфиналните натпревари и финалето се играат во салата “Младост “ – Струмица, на 17 и 19 април

ПретходноГаштаров: Респект за Италија, но ние имаме свои мотиви
СледноСалах би можел да потпише за Барселона?!