Џон Тошак, легендата на велшкиот фудбал, некогашен легендарен фудбалер на Ливерпул и некогашен селектор на Македонија, е сериозно болен. Станува збор за деменција која е во прогресивна фаза.
Оваа вест денеска ја пренесуваат речиси сите медиуми на Островот, а тоа го обзнани неговиот син, Камерон Тошак:
“Тој има деменција и тоа му прави сериозни проблеми во секојдневниот живот. Тоа е грозна болест. На удар му е краткорочната меморија, не памети што се случува во текот на денот. Тој може да разговара со вас на некоја тема, а после еден час воопшто да не памети дека сте се сретнале, попладне не знае што сме зборувале тоа утро…“ истакна покрај другото Камерон Тошак.










