Седлоски: Дојдовме тука да ја елиминираме Данска!

119

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Нашата најдобра репрезентација утре со почеток од 20:45 часот на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, ќе и гостува на Данска во меч од полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП 2026.

Македонија иако смета дека домашниот состав е фаворит, сепак нема да се предаде. Ќе оди на победа, тоа предмалку го изјави селекторот Гоце Седлоски:
Данска е одлична селекција, меѓутоа нашата цел е јасна, дојдовме овде да се покажеме во најдобро светло, да бидеме фокусирани и на крајот да го елиминираме ривалот. Фудбалерите знаат што треба да направат, ја анализиравме максимално Данска во изминатите три дена, се подготвивме и утре треба тоа да го покажеме на теренот. Многу нѐ мотивираше и изјавата на Расмус Хојлунд, дека ние не сме квалитетни како Германија или Франција, ќе се потрудиме максимално да го покажеме нашиот квалитет. Посветени сме на нашата идеја, како сакаме да делуваме во текот на мечот, иако доволно добро ги анализиравме и сите добри страни на Данска“, 

ПретходноСАД бараат гаранција за виза од 15.000 долари за навивачите за Светското првенство
СледноБарди: Против Данска да покажеме што знаеме!