Седлоски ја има победата над Данска во 1994 (ВИДЕО)

191

Далеку е од оваа временска дистанца 1994 година и почетоците на самостојниот македонски фудбал. Таа година Македонија за прв пат заигра како самостојна држава во едни квалификации, кои што веа за Европското првенство во Англија 1996 година.

Од друга страна во тоа време, У21 репрезентацијата ја следеше А селекцијата во квалификациите и ги имаше истите противници. Такви беа правилата.
Па така, на 07.09.1994 на стадионот во Кочани, Македонија У21 го одигра својот прв официјален квалификациски меч. И тоа против Данска. Обезбедивме победа од 5:3 во одлична игра и ефикасност. Нашиот национален тим тогаш го составуваа плејада од млади момци, многумина од нив потоа беа дел од А репрезентаицијата, и направија големи кариери.

Меѓу нив, и нашиот сегашен селектор Гоце Седлоски, кој што имаше удел во тој прв премиерен историски меч за Македонија.

Македонија: Јовчев, Здравевски, Герасимовски, Ѓорѓиоски, Николовски, Васевски, Михајлов, Ангелов, Христов, Захариевски, Шаќири

(замени: Капинковски, Седлоски, Зекир)

селектор: Јово Никушев

 

 

ПретходноБарса ги наградува Жерар Мартин и Марк Бернал со нови богати договори
СледноЕлитни У17 квалификации: Македонија по подвиг против големата Германија