Време е да проработи инаетот: Суперкомпјутерот на Македонија и дава најмали шанси за пласман на СП!(ФОТО)

104

Македонија ја делат само две меча или 180 минути од историја, од пласман на СП. Тоа е сонот кој трае ли трае со децении. Ако сакаме да одиме натаму, тогаш мора да славиме прво утре на гости кај Данска а потоа, исто на гости, кај Чешка или Р. Ирска.

Инакиу познато е дека за тие четири места кои водат на Мундијалот утре, а потоа и на 31 март битка ќе бијат 16 селекции.

Интересно, сите прогнози велат, а тоа го тврди и Суперкомпјутерот, дека Македонија има најмали шанси за пласман на Мундијалот, само 4-отсто шанси и е последна на провизорната табела.

Да ја мине Данска во полуфиналето и се даваат 15-отсто шанси.

Значи време е да проработи нашиот познат менталитет, нашата гордост, нашиот инает.

Што знае Суперкомпјутерот што може Македонија, а може многу и тоа како.

На дело да покажеме дека не смее никој оваа златна генерација на Македонија да ја потцени.

ПретходноМбапе демантира: „Не е вистина дека во Реал ми прегледувале погрешно колено!“
СледноПандев во поткастот на ФФМ: „Тактиката на Ангеловски беше – ајде ќе му ја дадеме топката на Горан, па што биде“! (ВИДЕО)