Иако поминаа четири месеци откако данската фудбалска репрезентација ги загуби директните дуели за пласман на Светското првенство, данскиот печат се уште тврди дека репрезентативците се под влијание на тие два неуспеси во една недела.
Капитенот на данскиот национален тим, Пјер-Емил Хојбјерг, се уште не може да помине преку она што има се случи на средбите со Белорусија и Шкотска.
„Сè уште го чувствувам тој период. Многу пати сум седел на пат кон натпревар или во сообраќаен метеж, чекајќи нешто, а потоа тоа ми се врати. Извинете, но тоа беа проклети седум дена. Навистина болат“, изјавил Хојбјерг.
Сега Данците ќе мора преку Македонија да го почне подолгиот пат до СП. Селекторот Брајан Ример изјави дека неговиот став нема причина да навлегува во емоциите што ги предизвика падот во Шкотска, и со нов ентузијазам пристапува кон мечот со Македонија иако со ова не се сложува и играчот за врска Виктор Фрохолд, кој пред новинарите признал дека малку е преоптиварен од емициите од ноемвриските дуели.
„Разговаравме за тоа колку е добро што се уште не држат емоциите од тие два меча, бидејќи може да даде дополнителна искра за натпреварот што ќе го играме. Всушност, можеме да го прифатиме чувството што го имавме минатиот пат. Не треба да се повтори, а сега ќе продолжиме напред и не сакаме повторно да ни остане тоа горко чувство“, вели Виктор Фрохолд.










