Како до победа на “Паркен“: Македонија не смее само да се брани, мора и да нападне!

161

Утре од 20:45 часот на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, Македонија на гости кај Данска го игра еден од најважните мечеви во својата историја. Секако дека сакаме најважен и епски да биде оној на 31 март, без разлика дали против Чешка или Р.Ирска во тоа евентуално финале.

Сепак, за тоа потоа. Сега мислите се само кон Данска.

Ако сакаме да играме на Мундијалот ова лето, мораме прво да ја минеме оваа утрешна пречка.

Факт е дека Данците се фаворити. Факт е дека играат пред своја публика и имаат доволно исксуство и квалитет да победат, но Македонија не е без шанси, напротив. Македонија има на клупата, во името на Гоце Седлоски, доволно искусен, мудар и квалитетен селектор, кој знае како треба. Го има на голот феноменалниот Столе Димитревски, има квалитет во одбраната, во средниот ред тука е капитенот Енис Барди, го имаме Дијамантот Елмас, а во нападот Миовски, Трајковски, Растодер, Мусовски, Дориев, Ќамили, Ристовски, Чурлинов…

Имаме со што да нападнеме и тоа како.

Тактиката за утре му ја препуштаме на Седло, тој знае најдобро како треба прортив Хојлунд, Ериксен и останатите, но јасно е дека ниту еден совет не е на одмет.

Тој е дека Македонија, сакала или нејќела, барем на почетокот од утрешниот меч, ќе мора да се брани. Очекуваме значи притисок на Данците, но Македонија не смее само да се брани, мора да покаже заби, мора и да нападне, мора да се закани.

Реално Македонија утре на „Паркен“ мора барем еднаш да ја затресе домашната мрежа.

Дали ќе играме 3-5-2, дали ќе играме 4-4-2 или 4-2-3-1 или некоја друга варијанта или формација, тоа е најмалку битно. Еден поранешен селектор на Македонија во една прилика убаво си кажа.

Формацијата важи само до првиот момент кога нешто нема да тргне на добро или пак да тргне на супер добро“.

Со други зборови оваа Македонија мора да биде “еластична“, да знае што сака, да биде одважна и храбра, да одигра најдобро што може во моментов, едноставно да покаже дека сака да оди на СП.

Да, Данска е силен тим, но Данска не е ни Англија, ни Шпанија

Секоја чест за Данска, но Данска не е непобедлива.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!

ПретходноСалах би можел да потпише за Барселона?!
СледноКако увертира на главната битка: Македонските и данските фанови ќе одиграат пријателски меч