Денска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија.
Пелистер во полуфиналето ќе игра против тимот на РК Охрид, додека бранителот Вардар против Алкалоид.
Познат е распоредот, првото полуфинале е закажано во 17 часот, додека пак второто полуфинале во 20 часот. Финалистите ќе имаат ден одмор.

Полуфиналните натпревари и финалето се играат во салата “Младост “ – Струмица, на 17 и 19 април










