Секуловски го одработи првиот тренинг: Имаме единствена цел – опстанок на Пелистер во ПМФЛ!

73
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Марјан Секуловски денеска заедно со своите фудбалери го одработи првиот тренинг како тренер на Пелистер. Јасно е дека ќе биде тешко, предизвикот е голем, но има верба кај повратникот на клупата на битолскиот клуб дека е кадарен за изборување опстанок.


Во врска со тоа што може да се очекува од Пелистер, истакна:
“Влегуваме во период од два месеци, ние имаме една и единствена цел, а тоа е да избориме опстанок. Едноставно, од денес, тоа им го објаснив и на играчите, влегуваме во еден циклус, во кој на крајот, кога ќе заврши истиот, ќе можеме од оваа врата гордо да излеземе и со крената глава, и во историјата да пишува дека сме го оставиле клубот во Прва лига.”

Според него не е важно како, туку важно е да се победува:
,,Не е битен ниту начинот, ниту како, битно е да се победува, битно е да се освојуваат бодови, битно е да се излезе од оваа ситуација, во која се наоѓаме моментално. За тренер не е добро да стартува на два месеци до крајот, во ваква ситуација и со први два натпревари против Шкендија во Тетово и Вардар во Битола, и тоа за четири дена, но некој мора да го преземе и тој „врел“ костен.”

Дополни дека во тимот се вратиле двајца фудбалери:
Во екипата се вратија Александар Ристевски и Ерџај Фејзуловски, како и од сите играчи, така и од нив очекуваме да се стават во функција на клубот и да му помогнат на клубот во намерата да се обезбеди опстанок и на крајот сите да излеземе како победници“ заврши Секуловски.

Претходно„Сантијаго Бернабеу“ добива ново лице – ќе биде наменет за тенис
СледноЗначи не се уверени во победа: Данците признаа дека тренирале изведување на пенали!