Ужас на пробните летови: Тежок пад на Планица!(ВИДЕО)

103

Во текот на наредните денови во Планица ќе се одржи финалето на Светскиот куп во скијачки летови, а денес програмата започна со пробни летови.
Словенечкиот скокач Ник Хеберле (21) ја изгуби контролата врз летот и имаше тежок пад.
Падот изгледаше ужасно и имаше врева од присутните, се слушнаа и некои вресоци. Медицинска помош веднаш пристигна на местото на настанот, а Словенецот беше свесен. По првата помош, тој беше пренесен во блиската болница во Јесенице, каде што ќе бидат извршени дополнителни прегледи.
Не е прв пат да се случуваат несреќи на пробни летови на Планица.
Ова малку ги загрижи организаторите поради ветерот, па затоа ќе има уште една контрола во текот на денот.
Во четврток наутро е закажан тренинг во машката конкуренција во осум часот, а квалификациите се во 10 часот.
Во петок и недела има индивидуални натпревари за мажи.

ПретходноМакедонија У19 на стартот против Фарски Острови
СледноГаштаров: Респект за Италија, но ние имаме свои мотиви