Данците јавно објавија дека вечерва ќе имаат „шпиони“ во Прага!

443
ФОТО:facebook.com/herrelandsholdet/

Победникот од вечерашниот меч во Копенхаген меѓу Данска и Македонија, во финалето од плеј – офот за пласман на СП се среќава со победникот од вечерашниот меч меѓу Чешка и Р.Ирска кој се игра во Прага во исто време, од 20:45 часот.

Јасно е дека ние нема ништо да објавуваме дали нашиот селектор Гоце Седлоски има свои луѓе кои ќе го “скениераат“ овој меч, но затоа денеска Данците јавно објавија, мислиме на нивните медиуми дека селекторот на Данска, Брајан Ример ќе има свои „шпиони“ во Прага. Се вели дека ништо не е оставено на случајност за данската репрезентација во потрагата по место на финалето на Светското првенство за помалку од три месеци.
Брајан Ример ќе има не само еден, туку двајца “шпиони“ во Прага во четврток вечер. Според него и двата тима мора да се анализираат до најмалите детали.
Јасно е дека ние посакуваме тој меч на 31. март на Ример и неговата Данска да им биде од ревијален карактер, додека нашиот да биде финале.

ПретходноОдиме по остварување на сонот: Македонија сака, Македонија може….НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!
СледноЈокиќ емотивен и искрен: Плачев…