Македонија ги добива противниците за заверка на ново Европско првенство!

259

Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) ќе ги добие противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Нашите ракометари ждрепката ја чекаат од вториот шешир, таму уште се и Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија, автоматски Македонија нема да игра против овие селекции.

Екипите се поделени во четири шешири според соодветниот ранг на машките репрезентации на ЕХФ:

Шешир 1: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска
Шешир 2: Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Македонија, Холандија, Полска, Србија
Шешир 3: Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина
Шешир 4: Естонија, Финска, Израел, Косово, Латвија, Луксембург, Словачка, Турција

Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група во квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 за мажи ќе обезбедат место на завршниот турнир, како и четирите најдобри третопласирани екипи.

Ждрепката може да се следи во живо на Јутуб каналот на ЕХФ, но и на Арена Спорт.

ПретходноСП 2026: Мексико ја чека Македонија!
СледноCrocs minions „стајлингот“ на Јокиќ е хит во САД денеска