Македонија ќе игра неважен меч со Р. Ирска, БиХ го елиминира Велс на гости и закажа финале со Италија!

301
ФОТО:facebook.com/narodak/

По подобро изведување пенали, Чешка во Прага ја победи Р.Ирска и со тоа се пласира во финалето каде што ја чека селекцијата на Данска во завршниот меч за пласман на Мундијалот. Ова значи дека Македонија во вторник ќе гостува кај Р. Ирска и ќе одигра еден неважен меч, веројатно само за престиж.

Супер интересно беше во Прага. Ирците водеа и со 0:2, но сепак ни тоа не им беше доволно. Чесите израмнија, потоа мечот отиде во продолженија а потоа во пенал – серија, каде што домашните без поуспешни.

Браво за БиХ Секоја чест за Босанците.

Избраниците на селекторот Сергеј Барбарез покажаа како треба против Велс и тоа во Кардиф. И таму пеналите го решија победникот, откако во регуларниот дел и во продолженијата беше 1:1.

Па така БиХ во финалето за пласман на СП ќе игра против Италија.

ПретходноЧурлинов: “Ако некој се погледне во огледало и мисли дека одиграл добро, ОК“!
СледноСопругата на Херојот од Палермо се огласи: “Ова не е човечки, ова не е праведно, ова е погрешно…“!