Познат составот на Македонија за вечерашниот бараж дуел против Данска

338

Македонскиот фудбалски национален состав, вечерва на стадионот Паркен во Копенхаген, го игра првиот бараж дуел за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада против домаќинот Данска.

Мечот кој што почнува од 20:45 часот Македонија ќе го стартува со следните единаесет.

Селекторот Седлоски се одлучи на голот секако да биде Столе Димитриевски за да во последната линија се најдат Муслиу, Зајков и Стојчевски. По страничните позиции се Херера и Чурлинов, додека пак во средината на теренот се капитенот Бардим и Атанасов.

Во нападот се Елиф Елмас, Растодер и Ќамили.

ПретходноПо наредбата на Трамп: На трансродовите спортистки им е забрането учество на Олимписките игри!
СледноСкандал во Лига 1: Срам за европскиот шампион!