Чурлинов: “Ако некој се погледне во огледало и мисли дека одиграл добро, ОК“!

531

Македонската репрезентација вечерва разочара. Нашите фудбалери одиграа слабо и затоа е тој пораз од 4:0 од Данска. Сонот за светско се претвори во кошмар.

И повеќе од јасно е дека сите наши фудбалери по мечот беа разочарани, не им беше до изјави, но како вистински професионалци одговараа на прашањата на новинарите.

Еден од нив беше Дарко Чурлинов:

Прво полувреме мислам дека го одработивме добро. Влеговме во второ, направивме една грешка и тоа не чинеше многу. Повеќе од ова нема што многу да се каже. Во прво полувреме не направија Данците ништо повеќе од нас, не знам што да кажам“.

Дали сте лути или тажен повеќе?

Па, лут, нема на што да бидам лут. Дојдовме тука да победиме, загубивме и тоа е дел од спортот. Одиме натаму. Тажен? Секако дека сум тажен. Но повеќе сум разочаран што не минавме натаму“.

По еден ваков пораз, Пандев во свое време рече дека многумина треба да се замислат? Што би порачале вие?

Нема јас што да кажувам, секој за себе нека си остави тоа. Ако некој се погледне во огледало и мисли дека одиграл добро, ОК! Некој не мисли така, ОК! Треба самите да си ги сознаеме грешките. Сите ние имавме грешки вечерва, сите, од прв до последен. Не е за криење. Не сметам дека овој пораз треба да не бутне надолу. Напротив, треба да тргнеме во нови победи“ изјави Чурлинов.

ПретходноРастодер: За десет минути примивме три гола – тоа не смееше да се случи!
СледноМакедонија ќе игра неважен меч со Р. Ирска, БиХ го елиминира Велс на гости и закажа финале со Италија!