Алиоски со порака до фудбалерите: Браќа мои, ми се кине срцето што не можам да бидам таму!

343

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски не е во составот на македонската фудбалска репрезентација за вечерашниот дуел против Данска во полуфиналето од бараж мечот за пласман на Светското првенство 2026 година. Причината е добро позната – повреда.

Пред дуелот во Копенхаген, тој испрати порака до своите соиграчи:

„Денеска носиме повеќе од само дрес! Сè што сме, сè за што сме работеле, се сведува на овие 90 минути. Браќа мои, ми се кине срцето што не можам да бидам таму на теренот со вас. Би дал сè за да се борам покрај вас. Но, ви ветувам: со вас сум во секој чекор, секој дуел, секој шут. Излезете таму и играјте со гордост. Со срце. Со оган. Борете се еден за друг како да е најважната работа во вашите животи. Да постигнеме денес нешто со кое целата наша земја ќе може да се гордее. За нас. За тимот. За Македонија. Дајте сè од себе… и повеќе!“, гласи пораката на популарниот Џани.

ПретходноСтоле да биде како Данчо Целески!(ВИДЕО)
СледноРодри: Реал Мадрид преговара со мојот менаџер!