Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија.
Нашите ркаометари се во групата 8 заедно со Шведска, Грција и Луксембург. Првите две селекции од секоја група одат на ЕП, како и четирите најдобро третопласирани.
Македонија првиот меч го игра на домашен терен против Луксембург на 5/6 ноември, додека пак три дена подоцна и гостува на Грција, против која на домашен терен ги завршува квалификациите.
Коло 1: 5/6 Ноември 2026 Македонија – Луксембург
Коло 2: 8/9 Ноември 2026 Грција – Македонија
Коло 3: 10/11 Март 2027 Македонија – Шведска
Коло 4: 13/14 Март 2027 Шведска – Македонија
Коло 5: 5/6 Мај 2027 Луксембург – Македонија
Коло 6: Недела 9 Мај 2027 Македонија – Грција










