Елмас после поразот: Тешко е да се каже било што…Не е првпат да ни се случи вакво нешто!

369

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да приреди чудо во Копенхаген. Данска со убедлив пораз го згасна нашиот сон за Светско првенство, не совлада со 4-0. После еден ваков меч, тешко е да збори било што, бидејќи никој не се надеваше на вакво сценарио.

„Не е првпат да ни се случи вакво нешто. Тешко е да се каже било што, но тоа е тоа. Во прво полувреме бевме добри, се поставивме како што требаше одигравме тоа што требаше бевме сконцентирани максимално, имавме посед, се брневме во трета зона, но ете не успеавме. Долго време збориме дека во тоа второ полувреме треба да бидеме сконцентирани.

Не знам, тешко е да збори со жешки глави, но тоа е фудбалот да работиме уште повеќе, не сме на највисоко ниво“, изјави Елиф Елмас после мечот и додаде: 

 „Имаме нов селектор, нов систем, имаме млади играчи кои треба уште да созреваат. Искуството на Данска во второто полувреме дојде до израз, исто и нивниот менталитет, не простуваат никаква грешка, напаѓаат 90 минути“. 

ПретходноКаде погреши Седлоски?! Што се случи во соблекувалната?
СледноРастодер: За десет минути примивме три гола – тоа не смееше да се случи!