Каде погреши Седлоски?! Што се случи во соблекувалната?

901

Многу прашања и малку одговори.Македонија на “Паркен стадионот“ во Копенхаген доживеа и повеќе од убедлив пораз, па така сонот за пласман на СП 2026 се претвори во кошмар. Македонија речиси, ајде да не бидеме престроги, ама не одигра ништо. Оваа Македонија вечерва разочара. 

Да имавме на полувреме 0:0, имавме резултатски егал, ама само поради фантастичните одбрани на Столе Димитриевски. Нашиот голман не држеше во игра.

Но тоа што се случи на почетокот од второто навистина загрижува.

И затоа се поставува прашањето каде погреши Седлоски? Што се случи во соблекувалната на полувремето.

Јасно е дека мораше на паузата да ги менува Атанасов и Ќамили. Потоа какви совети им даде на своите избраници, просто е неверојатно она што се случуваше на стартот од вториот дел. Прво 1:0, а потоа за 12-13 минути цели 3:0 за домашната селекција.

Заклучокот е дека видовме една Македонија која одигра натпревар без борба, без жар – без ништо. Јасно е дека сите ние посакувавме да се оствари сонот, нам ова лето да ни беше мундијалско, но сепак и ова светско ќе го гледаме само на ТВ екраните и ќе навиваме за Меси, Роналдо, Модриќ, Мбапе.

На крај Седлоски тргна со пораз на своето деби како селектор, ако не го сметаме оној меч со Литванија од пред деценија и повеќе. Пред него е многу работа.

ПретходноСедлоски: За краток период се „распаднавме“… тоа не смее да се случува
СледноЕлмас после поразот: Тешко е да се каже било што…Не е првпат да ни се случи вакво нешто!