По подобро изведување пенали, Чешка во Прага ја победи Р.Ирска и со тоа се пласира во финалето каде што ја чека селекцијата на Данска во завршниот меч за пласман на Мундијалот. Ова значи дека Македонија во вторник ќе гостува кај Р. Ирска и ќе одигра еден неважен меч, веројатно само за престиж.
Супер интересно беше во Прага. Ирците водеа и со 0:2, но сепак ни тоа не им беше доволно. Чесите израмнија, потоа мечот отиде во продолженија а потоа во пенал – серија, каде што домашните без поуспешни.
Браво за БиХ Секоја чест за Босанците.
Избраниците на селекторот Сергеј Барбарез покажаа како треба против Велс и тоа во Кардиф. И таму пеналите го решија победникот, откако во регуларниот дел и во продолженијата беше 1:1.
Па така БиХ во финалето за пласман на СП ќе игра против Италија.










