Мане со прв потег – го врати борбениот Егри!

316

Неоправдано Александар Ристевски – Егри беше ставен „под мраз“, кај претходниот шеф на Пелистер. Големиот борец и искусен дефанзивец од вчера е вратен во првиот тим на Пелистер каде беше исклучен по налог на Милан Стојановски во зимската пауза. Ристевски мина низ пеколен период од пет месеци но ете сега е подготвен за да помогне на клубот во најтешките моменти и во битката за опстанок на Пелистер во елитата.

Како што е познато по поразот од Струга Трим Љум, во Битола се случи тренерска смена. Замина Стојановски а клубот одлучи довербата да му ја даде на вечниот „пожарникар“, Маријан Секуловски.

ПретходноCrocs minions „стајлингот“ на Јокиќ е хит во САД денеска
СледноНајдоски вечерва со победа да го прослави роденденот!