Најдоски вечерва со победа да го прослави роденденот!

162

Илија Најдоски, денеска полни 62 години. Еден од нашите најдобри фудбалери на сите времиња, легендата на Вардар и Ц.Звезда, некогашен европски и светски првак, репрезентативец на екс – СФРЈ и Македонија, денеска прославува роденден и тоа во Копенхаген во својство на директор на репрезентацијата која вечерва игра бараж меч за пласман на СП 2026.

Јасно е дека денеска роденденот засега на Илија ќе биде во втор план а ако се биде како што треба тогаш ќе се прославува во победничка атмосфера.

Инаку колку за потсетување, во Палермо 2022, кога ја победивме Италија исто во полуфинале од плеј – офот за пласман на СП во Катар, роденден му беше на тогашниот селектор Благоја Милевски и тој го прослави во победничка атмосфера, 25 март.

Па така нека биде и вечерва. Очигледно е кога на некои од нашата репрезентација му е роденден на овие баражи, Македонија победува.

Се разбира дека “СпортСпорт“ му го честита роденденот на Илија Најдоски.

ПретходноМане со прв потег – го врати борбениот Егри!
СледноКопенхаген обоен во „црвено-жолтo“: Едно име имаме….(ВИДЕО)