Седлоски: За краток период се „распаднавме“… тоа не смее да се случува

621

СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва во Копенхаген загуби во бараж дуелот за претстојниот Мундијал од домаќинот Данска со убедливи 4:0. Нашиот национален состав не успеа да се исправи пред предизвикот вечерва и во очајно второ полувреме за многу кус период прими три, а потоа и четврти гол.

Данска одигра речиси совршен втор дел, во кој колку што таа одигра добро, толку нашиот состав одигра без жар, сила и очигледно капацитет да се справи со ситуацијата. Едноставно три примени гола за десет минути се премногу и за далеку поквалитетни селекции од нас.

„Честитки за противникот. Од она што најмногу се плашев тоа се оствари. Примивме голови од тие странични позиции, бековски. Формацијата што ја работевме овие денови, таа и ја искористивме. Нивните крилни играчи се многу опасни. Имавме проблем со вметнување на бековите и создаваа проблем. На полувреме барав да се смириме, да се сконцентрираме, да почнеме да играме да подигнеме ритам.

Зошто така паднавме, ќе треба да се поразговара со играчите. Екипата е создадена од репрезентативци кои што играат во клубовите, главите се „врели“.

Имаме уште еден меч пред нас, по тоа ќе размислуваме што и како понатаму, и со овие и со останатите репрезентативци, сегашни или потенцијални. Не треба да губиш концентрација. Да бидеме фокусирани, деведесет минути. Примаш гол и за десет минути примаш уште два. Несфатливо. Не смее такви грешки да се случуваат. Данска напаѓа, „меле“ и се случува тоа што се случи. Тажни сме сите, играчите, ние…. фала за навивачите кои што дојдоа да не бодрат. Со работа ќе надокнадиме друг пат.

ПретходноКосово си закажа финале со Турција, продолженија ќе се играат во Прага и Кардиф!
СледноКаде погреши Седлоски?! Што се случи во соблекувалната?