СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски
По оние 1:1 во Скопје на “Градски“ во септември 1994, кога бевме блиску да славиме над актуелниот европски шампион, на 26.04.1995 во меч од групата за пласман на ЕП 1996, игравме со Данска на гости и тоа во Копенхаген.
Тој меч заврши со победа на домашната селекција од 1:0 со голот на Петер Нилсен во 70.минута, ама и сега се прикажува дека херој на тој меч беше голманот Данчо Целески.
Со своите одбрани Данчо просто ги излуди Данците и цел “Паркен“, фати барем 4-5 зицери, едноставно правеше чуда на нашиот гол против браќата Лаудруп и остнатите домашни фудбалери.
Вечерва на “Паркен стадионот“ во Копенхаген, на нашиот гол ќе биде Столе Димитриевски, веројатно еден од најдобрите ако не и најдобар голман во нашата досегашна историја. Столе во последно време брани во фантастична форма во својата Валенсија, до пред година – две беше еден од најдобрите голмани во Ла Лига како член на Рајо Ваљекано. Во дресот на Македонија ги урна сите можни рекорди.
Таков Столе, како Данчо пред 31 година ни е потребен вечерва на нашиот гол. Смирен, сконцентриран, да биде вистински командант на нашата одбрана.
Јасно е дека тој е клучот на нашиот успех, а ние само можеме да му посакаме уште една чиста мрежа.
Затоа вечерва Столе да биде како Данчо Целески од таа 1995 година.
Еве како бранеше Целески на “Паркен“ пред 31 година…










