Туризам во Емполи, катастрофа на младите од Италија

400

Италија – Македонија 4:0 вечерва во Емполи, во меч од квалификациите за ЕП за играчи до 21. година. Ова е шести пораз на избраниците на селекторот Горан Станиќ на седум одиграни мечеви.

Туризам во Емполи, катастрофален пораз на нашите надежи.

Од се ова произлегува дека Италија е сепак пресилна за македонските надежи. Имено нови играчи а стари навики за У-21 селекцијата на Македонија.

Домашната селекција поведе уште во 3.минута со голот на Ндур, со тој резултат се замина на пауза. Во 49. и 50.минута два гола за Италија и водство од 3:0, стрелци беа Липани и Екатор. И тоа не беше се, во 86.минута со удар од белата точка Фини ги постави конечните 4:0.

Поразот можеше да биде уште поубедлив ако се знае дека голманот Џеков успеал да одбрани барем три зицери на домашните.

За неколку дена нашата млада селекција ја очекува гостување и кај репрезентацијата на Ерменија.

Македонија вечерва во Емполи настапи во следниот состав:

Љ.Џеков, Аризанковски, Мелиќи, Ѓ.Џеков, Хамза, Ангелов, Масларов, Данев, Дураков, Трајков, Гаштаров.

Играа и Ѓорѓиевски, Софијаноски, Љатифи, Стојанов.

ПретходноМакедонските ракометари го дознаа патот кој води до Европското првенство 2028
СледноМагична асистенција на Ѓулер, гол на Кадиоглу…Турција е во финале!