СпортСпорт во Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски
Сонот на Светско првенство за жал згасна во Копенхаген. После добро прво полувреме и нерешени 0-0, македонската фудбалска репрезентација во вториот дел ја почувствува силата на Данска, која набрзина го реши името на победникот и на крајот славеше со 4-0.
На трибините на „Паркен стадионот“ нашите фудбалери имаа поддршка од околу 1.000 македонски фанови кои на крајот испратија поддршка до сите во македонската репрезентација и покрај убедливиот пораз.










