Возен ред за место на ЕП 2028: Македонија завршува против Грција на домашен терен

360

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година ќе се одржи во Португалија, Шпанија и Швајцарија.

Нашите ркаометари се во групата 8 заедно со Шведска, Грција и Луксембург. Првите две селекции од секоја група одат на ЕП, како и четирите најдобро третопласирани.

Македонија првиот меч го игра на домашен терен против Луксембург на 5/6 ноември, додека пак три дена подоцна и гостува на Грција, против која на домашен терен ги завршува квалификациите.

Коло 1: 5/6 Ноември 2026 Македонија – Луксембург

Коло 2: 8/9 Ноември 2026 Грција – Македонија

Коло 3: 10/11 Март 2027 Македонија – Шведска

Коло 4: 13/14 Март 2027 Шведска – Македонија

Коло 5: 5/6 Мај 2027 Луксембург – Македонија

Коло 6: Недела 9 Мај 2027 Македонија – Грција

ПретходноПолувреме во Копенхаген: Димитриевски брани одлично, Македонија има 0:0 против Данска
СледноНаковски Волеј закажа финале со Вардар