Да покажеме против Италија дека сме конкурентни

54

Македонската репрезентација до 21. година вечерва на стадионот Карло Кастелани во Емполи ќе го одигра седмиот дуел од актуелната квалификациска кампања.

Нашиот национален тим има освоено три бода по шест мечеви до сега, а ова тешко гостување ќе го искористиме за да ги поправиме нештата што се вели.

Селекторот Горан Станиќ за овој собир кој што го свртсува и гостувањето во Ерменија, се одлучи да направи мини „рез“ и да не повика неколку стандардни до сега туку да се потпре на помладата генерација која има право за настап и во следниот циклус.

„Секако дека одиме да одиграме добро и да извојуваме поволен резултат на овој меч. Италија покажа во овие квалификации дека е квалитетна, но ние имаме свои мотиви. Да ги поправиме грешките кои што ги правевме до сега, да одиграме максимално и да го поправиме скорот во оваа кампања“ – велат до нашиот У21 табор.

Мечот во Емполи стартува од 18:15 часот.

 

 

ПретходноПлеј-оф: Почнува битката во Европа за последните четири “визи“ за СП! На Италија и “гори“!(ФОТО)
СледноСП 2026: Мексико ја чека Македонија!