За Спортспорт од Копенхаген, Огнен Чак Дојчиновски
Не е се така јасно и чисто во таборот на домашната селекција пред важниот дуел со Македонија во битката на Данска да стигне до нов пласман на мундијалите.
Во спортскиот веб-портал „Болд“, вчера можеше да се прочита една опасна препорака до навивачите но и опомена до фудбалерите: Насловот гласи: „Да се избегне најголемиот срам“ Пораз на Данска од Македонија вечерва на „Паркен“, ќе претставува национална фудбалска катастрофа.

Новинарите потенцираат дека тоа би бил најголемиот фудбалски срам на нивната репрезентација. „Затоа нашите фудбалери ќе играат со нож на вратот…“‚ стои во текстот како најава за се она што треба да се знае во пресрет на денешниот дуел. Данците се оптимисти но и многу претпазливи.
Тоа што имаат 8 дебитанти и не треба да е некоја паника. Ако ги прочитате имињата на тие играчи и за кои клубови играат ќе ви биде јасно дека тоа можеби е и полошо за Македонија. Свежа крв која игра за големи екипи и која сака да се докажува.










