Сензационален успех за Косово. Вечерва нема спиење во Приштина и во другите градови во оваа земја. Репрезентацијата на Косово ја победи Словачка со 3:4 на гости и со тоа си закажа финале од плеј – офот за пласман на СП, со Турција. Чудесно, Косово е само на 90. минути до Мундијалот.
Македонија ќе почека да види со кого ќе игра неважен меч ако се знае дека во Прага мечот меѓу Чешка и Р.Ирска заврши 2:2, па таму ќе има продолженија. Исто продолженија ќе има и во Кардиф каде Велс игра со БиХ 1:1, гостите со голот на Џеко израмнија во финишот на мечот.
Полска ја победи Албанија со 2:1, иако гостите водеа со 0:1, но Левандовски и Зјелински погодија за финале против Шведска која пак славеше убедливо со Украина со резултат 3:1.
Италија ја победи С.Ирска со 2:0 со головите на Тонали и Кеан и за ривал ќе ги има Велс или БиХ.










