Македонската ракометна репрезентација денеска (19 часот) ќе ги добие противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Нашите ракометари ждрепката ја чекаат од вториот шешир, таму уште се и Австрија, Холандија, Фарски Острови, Србија, Полска, Чешка и Италија, автоматски Македонија нема да игра против овие селекции.
Екипите се поделени во четири шешири според соодветниот ранг на машките репрезентации на ЕХФ:
Шешир 1: Хрватска, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Словенија, Шведска
Шешир 2: Австрија, Чешка, Фарски Острови, Италија, Македонија, Холандија, Полска, Србија
Шешир 3: Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Литванија, Црна Гора, Романија, Украина
Шешир 4: Естонија, Финска, Израел, Косово, Латвија, Луксембург, Словачка, Турција
Првопласираните и второпласираните екипи од секоја група во квалификациите за ЕХФ ЕУРО 2028 за мажи ќе обезбедат место на завршниот турнир, како и четирите најдобри третопласирани екипи.
Ждрепката може да се следи во живо на Јутуб каналот на ЕХФ, но и на Арена Спорт.










