Наковски Волеј ќе ја брани титулата во финалето од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција, откако во второто полуфинале со 3:1 (25:20, 25:22, 22:25, 25:12) го победи Младост во дуел кој имаше епитет “финале пред финалето” и комплетно го оправда истиот.
Двата тима понудија голема борба, долги надигрувања со убави поени и интересен и возбудлив меч, во кој одлучија нијанси.
Наковски Волеј во финалето ќе се соочи со Вардр ЕМ Скопје кој во дебитантскиот настап на финалниот турнир ги победи Газели В. и ќе се бори за првиот трофеј во клупската историја.
Финалето се игра в сабота од 17:30 часот во СЦ “Јане Сандански” во Скопје.










