Македонскиот фудбалски национален состав, вечерва на стадионот Паркен во Копенхаген, го игра првиот бараж дуел за пласман на Мундијалот во САД, Мексико и Канада против домаќинот Данска.
Мечот кој што почнува од 20:45 часот Македонија ќе го стартува со следните единаесет.
Селекторот Седлоски се одлучи на голот секако да биде Столе Димитриевски за да во последната линија се најдат Муслиу, Зајков и Стојчевски. По страничните позиции се Херера и Чурлинов, додека пак во средината на теренот се капитенот Бардим и Атанасов.
Во нападот се Елиф Елмас, Растодер и Ќамили.










