Полувреме во Копенхаген: Димитриевски брани одлично, Македонија има 0:0 против Данска

237

 

Од Копенхаген за Спортспорт, Огнен Чак Дојчиновски

Македонската фудбалска репрезентација во моментов го игра бараж дуелот за пласман на следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада во Копенхаген на стадионот Пратен против домаќинот Данска.

На полувреме резултатот е 0:0 в0 борбена и пожртвувана игра од двете страни во која Македонија цврсто ги издржа сите домашни напади. Данска не создаде стопроцентна шанса, иако имаше иницијатива особено во последните неколку минути. Ние можевме многу лесно да се заканиме во 11. минута но Ќамили на супер топката од Барди реагираше со лош прием инаку ќе излезеше сам пред голот на Данска.

Од другата страна Хојлунд доби супер топка, шутираше но Висар Муслиу одлично го блокира во корнер. Првата сериозна закана која што одеше кон нашиот гол беше онаа во 18. Минута кога Меле од изгледна позиција од лево биеше директно во Димитриевски, кој беше сигурен. Следен се закани Хојберг со удар во 25. минута а, Столе Димитриевски одлично брани. Одбиената топка на петерец, токму Хојберг за малку не ја стигна. Нов обид на Данска преку Меле кој што шутира од преку дваесет метри покрај голот на Димитриевски.

Енис Барди од слободен удар шутираше директно во гол но Хермансен боксува сигурно. Исаксен со нов удар Димитриевски повторно сигурен, а истото го стори и Бах но топката мина покрај дирекот.

 

Бараж за  Мундијал полуфинале:

Данска  –  Македонија

Стадион Паркен во Копенхаген

Гледачи: 38.000 гледачи

Стрелци:

Ж. Картони:

Данска: Хермансен, Нелсон, Мехле, Исаксен, Хојлунд, Фрохолд, Дамсгард, Норгард, Бах, Хјумланд, Хојсберг

Македонија: ДИмитриевски, Херера, Зајков, Муслиу, Елмас, Стојчевски, Барди, Чурлинов, Растодер, Ќамили, Атанасов

 

ПретходноБаерн Минхен со порака: Олисе не е на продажба!
СледноВозен ред за место на ЕП 2028: Македонија завршува против Грција на домашен терен